Прием во АМС за македонските карате репрезентативци

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска ги прими македонските каратисти кои имаа успешен настап на Европското првенство (ЕП) за кадети, јуниори и постари јуниори (до 21 година), што викендот се одржа во Цирих, Швајцарија.

– Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а тоа се докажа и на последното европско првенство. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја. По големите успеси на македонското карате, кое во изминатите неколку години и ги донесоа Наташа Илиевска, Иво Цветковски, Жарко Арсовски, Ардита Исени, Огнен Груевски, Берат Јакупи и актуелниот европски шампион Емил Павлов, деновиве можеме да се радуваме и  на Европското злато и во младинските категории, истакна Спасески.

Тој честитајќи им го успехот на репрезентативци, тренерите и целокупниот стручен штаб, порача дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува карате спортот во државата.

– Голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, Националното спортско признание – „Спортска пензија“, со што им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена.  Сара Радичевска остварува право на стипендија од меѓународна категорија (бронзен медал во категорија до 50 кг јуниори до 21 год. – највозрасна младинска категорија), рече Спасески.

Македонија на ЕП освои еден златен медал (Вероника Костовска), еден сребрен медал (Петар Заборски) и два бронзени медали (Моника Пендаровска и Сара Радичевска).

Репрезентативците се заблагодарија за поддршката од АМС и дадоа ветување дека со уште понапорна работа во иднина ќе постигнуваат поголеми успеси.

На ЕП во Цирих учествуваа 924 натпреварувачи од 47 земји. Македонија го освои деветтото место во вкупен пласман. Најдобри беа Франција, Италија и Турција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска