Прием во АМС за македонската кикбокс репрезентација

Од:

По повод големиот успех на на светското јуниорско – кадетско првенство во Римини, Италија, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска организираше прием за македонската кикбокс репрезентација.

Спасески им го честиташе големиот успех и истакна дека македонската кикбокс репрезентација веќе претставува сериозен учесник на сите големи меѓународни натпреварувања во сите категории и останатите држави гледаат со респект кон Македонија.

– Ми претставува огромна чест што лично можам да им ги честитам успесите и освоените бронзени медали на Бобан Илиоски во категоријата лоу кик и Хадис Рамадани во лоу кик категоријата до 67 килограми. Малку недостасуваше и Марија Божиновска да освои медал, но сепак сме задоволни и со освоеното петто место во категоријата лоу кик до 70 килограми. Можам да кажам дека Македонија има блескава иднина во кикбоксот и останатите репрезентации гледаат со респект кон нас, рече Спасески.

Претседателот на Кикбокс федерацијата на Македонија Александра Неделковска заедно со репрезентативците се заблагодарија за приемот и ветија дека ќе продолжат со успешните игри и дека ќе дадат се од себе и од наредното првенство да се вратат со медали.

Инаку, на светското јуниорско – кадетско првенство кое се одржа во Римини настапија 64 земји со 2.020 спортисти.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

(ВИДЕО) Нокаут со колена: Борба на српски и косовски кик боксер

Предраг Петровиќ

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

Чимаев за две минути го „суреди“ Холанд па порача: Ќе ги убијам сите!