Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска го прими најдобриот пливач и остварувачот на норма за ЛОИ во Рио, Марко Блажевски.
Успесите кои тој ги оствари во Москва со освојување на 5-то место на Светскиот куп ги продолжи во Казан Русија на 400 метри мешано каде оствари норма за настап на претстојните олимписки игри.
Блажевски оствари резултат 4.25.57 на 400 метри мешано, додека пак нашата најдобра пливачка Анастасија Богдановски на истото натпреварување оствари норма за ЛОИ пливајќи 0.56.12 на 100м слободен стил, а 200 метри слободно исплива за 2.01.28, што се нови државни рекорди.
Инаку, соопшти денеска Агенцијата за млади и спорт, Блажевски веќе има статут спортист од меѓународна категорија, што значи дека правото за паричен надоместок му се продолжува за уште две години, кој случај е идентичен со нашата најдобра пливачка Анастасија Богдановски.
Спасески од името на сите вљубеници во спортот му посака успех во сите наредни континентални случувања, посебен акцент ставајќи на неговиот настап на Олимписките игри во Бразил.