Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) Петар Наумоски утре во Белград ќе учествува на состанокот со претседателите на кошаркарските федерации на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора, федерации кои имаат свои екипи во регионалната АБА лига.
Претседателите на кошаркарските федерации од регионот на состанокот во Белград ќе ги изнесат своите ставови за последиците предизвикани од одлуката на ФИБА Европа за повлекување на признавањето на АБА лигата.
По состанокот претседателите на федерациите ќе остварат средба и со претставниците на екипите учесници во регионалната АБА лига.