Преку 80 натпреварувачи на јубилејниот ИКАС

Од:

Викендов по 45.ти пат ќе се одржи Илинденскиот кајак слалом – ИКАС, а за оваа манифестација најавени се повеќе од 80 кајакари и кајакарки од осум земји.

Покрај домаќинот Македонија ќе настапат и: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Турција, Франција и Словенија.

Олимпиецот од Игрите во Лондон, Динко Мулич како и Јуре Меглич повеќекратниот тимски светски првак, второпласиран на европско и третопласиран на светско првенство се само некои од познатите имиња кои ќе се натпреваруваат на патеката „Матка“ крај Скопје.

Боите на Македонија ќе ги бранат четворица кајакари: Игор Стефановски, Борче Мирчевски, Љупче Спасиќ и Огнен Дражански.

Во сабота се квалификациите, а в недела е финалето на 45.от ИКАС.

Главни покровители на оваа манифестација се Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен најдобриот голфер на светот

Предраг Петровиќ

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска