Познато колку бара Погба, за да премине во Реал Мадрид

Од:

Светскиот првак со Франција Пол Погба, сериозно ја разгледува можноста да го напушти Манчестер Јунајтед следното лето. Неговиот агент – Мино Раиола, веќе ги испитува сите можности и клубовите кои имаат интерес за играчот за врска.

Еден од главните кандидати е Реал Мадрид, а според италијанското издание „Тутоспорт“, Раиола имал разговор со претставниците на „белите“. Тој разговарал за финансиските барања, кои ги ма Погба, за да се согласи да потпише со клубот.

Раиола објавил дека Погба сака плата од 16 милиони евра за сезона, што може да го претвори во најскапиот играч во Реал Мадрид. Во моментов Герет Бејл добива плата од 14 милиони евра годишно, а Серхио Рамос заработува по 11 милиони евра.

Инаку веста за можен трансфер се појави неколку дена откако Погба рече дека Реал Мадрид е сон на секој фудбалер.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Русите го викаат Погба – плата 1.500 евра

Предраг Петровиќ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски