Познати учесниците во ракометниот плеј-оф на Македонија

Од:

Со одигрувањето на натпреварите од 18. коло од Супер лигата познати се шесте екипи кои ќе играат во ракометниот разигрувањето за шампионската титула.

Покрај Вардар и Металург, кои досега играа во СЕХА лигата и Зомимак М, кој беше убедливо прв во Супер лигата во последното коло беше решено кои три екипи им се приклучија во борбата за шампионската титула. Тоа се: Прилеп, Тинекс Пролет и Радовиш, кои се пласираа од второто до четвртото место.

Останатите екипи ќе разигруваат во плеј аутот.

Резултати од 18.коло од Супер лигата: Металург 2 – Радовиш 25:35, Преспа – Тинекс Пролет 19:32, Прилеп – Пелистер 28:24, Работнички – Охрид 21:29 и Зомимак М – Текстилец 40:18.

Табела: Зомимак М 54 бодови, Прилеп 34, Тинекс Пролет 33, Радовиш 33, Пелистер 30, Металург 2 30, Охрид 29, Работнички 14, Преспа 6, Текстилец 4.

Извлекувањето на броевите за плеј офот и плеј аутот ќе се одржи утре во РФМ.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ