Познати сите учесници во плеј-офот за Лигата на шампионите

Од:

Откако вчера беа одиграни осум реванш натпревари од 3-коло во квалификациите за Лигата на шампионите, познати се сите екипи кои ќе разигруваат во последната фаза за пласман во групите.

Вчерашните натпревари минаа без изненадувања и во плеј-офот место обезбедија: Австрија Виена, Зенит Ст. Петерсбург, Динамо Загреб, Металист Харков, Селтик, Викторија Плзен, Легија Варшава и ПСВ Ајндховен.

Тие им се приклучија на: Стеауа Букурешт, Марибор, Фенербахче, Шахтјор Караганди, Базел, Лудогорец и Олимпик Лион, екипи кои своето место го обезбедија ден порано.

На вчерашните средби беа постигнати следниве резултати: Хафнарфјордур – Австрија Виена 0:0 (0:1 прв натпревар), Зенит Ст. Петерсбург – Нордселанд 5:0 (1:0), Шериф Тираспол – Динамо Загреб 0:3 (0:1), Металист Харков – ПАОК Солун 1:1 (2:0), Елфсборг – Селтик 0:0 (0:1), Викторија Плзен – Каљу 6:2 (4:0), Легија Варшава – Молде 0:0 (1:1) и Варегем – ПСВ Ајндховен 0:3 (0:2).

Извлекувањето на двојките за последното квалификациско коло ќе биде одржано утре.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска