Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во групната фаза од синоќа се познати сите учесници во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.
Место меѓу 16-те најдобри изборија: Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Барселона, Тотенхем, ПСЖ, Ливерпул, Порто, Шалке, Баерн Минхен, Ајакс, Манчестер Сити, Лион, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и Манчестер Јунајтед.
Новина од оваа сезона е тоа што од осминафиналето ќе биде воведена видео-технологијата (ВАР) за помош на судиите при спорни ситуации.
Жрепката за елиминациската рунда ќе биде извршена в понеделник.
На евро-сцената како учесници во Лига Европа продолжуваат третопласираните од секоја група. Тоа се: Клуб Бриж, Интер, Наполи, Галатасарај, Бенфика, Шахтјор, Викторија Плзењ и Валенсија.