Познати сите двојки за четвртото квалификациско коло во ЛШ

Од:

Во фудбалската Лига на шампиони синоќа се одиграа реваншите од третата квалификациска рунда по која се формираа двојките за четвртото коло. Изненадувања се елиминациите на Порто и Селтик кои важеа за големи фаворити за пласман во елитата.

Селтик е елиминиран по домашниот пораз (3:4) од романски Клуж, додека Порто исто така на свој терен загуби (2:3) од Краснодар (Русија). Белградската Црвена ѕвезда во Данска се радуваше по изведување пенали. И тимот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, Динамо Загреб избори настап во следната фаза по гостински триумф кај Ференцварош (4:0).

Двојки за 4.коло:
Олимпијакос – Краснодар
ЛАСК – Бриж
АПОЕЛ – Ајакс
Јанг Бојс – Црвена ѕвезда
Клуж – Славија Прага
Динамо Загреб – Розенборг.

Натпреварите ќе се играат на 20 и на 27 август.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска