Откако вчера се дознаа последните пет патници во групната фаза од Лигата на фудбалските шампиони, попладнево во Монако ќе биде извршена ждрепката.
Триесет и два тима се поделени во четири сада во кој ќе бидат сместени по осум екипи, а меѓу нов за прв пат во групната фаза ќе се најде и бугарскиот првак Лудогорец.
Носители на групите ќе бидат: Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Челзи, Бенфика, Атлетико Мадрид, Арсенал и Порто.
Во вториот по квалитет шешир се екипите на: Борусија Дортмунд, Јувентус, Пари Сен Жермен и Манчестер Сити.
Во останатите два ќе бидат:
Шешир 3: Баер Леверкузен, Олимпијакос, ЦСКА Москва, Ајакс, Ливерпул, Спортинг Лисабон, Галатасарај, Атлетик Билбао
Шешир 4: Андерлехт, Рома, АПОЕЛ, БАТЕ Борисов, Лудогорец, Марибор, Монако, Малме.
Ждрепката ќе се одржи во Монако, каде на свеченост ќе биде прогласен и најдобриот фудбалер за минатата сезона во Лигата на шампиони. Во конкуренција за престижната награда се, фудбалерот на актуелниот европски првак Реал Мадрид, Кристијано Роналдо како и двајцата членови на Баерн Минхен, Мануел Нојер и Арјен Робен.
Првите натпревари од групната фаза во Лигата на шампиони ќе се играат на 16 и 17 септември, а последното коло на програмата е на 9 и 10 декември.
Пласман во нокаут фазата, односно осминафиналната рунда ќе обезбедат првопласираните две екипи, а завршницата е закажана за 6 јуни на Олимпискиот стадион во Берлин.