Во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион, денеска беа извлечени двојките за осминафиналето од Лигата на шампионите.
Бранителот на трофејот Барселона ќе оди на двомеч со Арсенал, англискиот првак Челзи ќе има можност да му се реваншира на францускиот шампион ПСЖ за ланската елиминација, Реал за противник ја доби Рома, Јувентус игра со Баерн Минхен.
Двојки за осминафиналето во елитното натпреварување:
Гент – Волфсбург,
Рома – Реал Мадрид,
ПСЖ – Челси,
Арсенал – Барселона,
Јувентус – Баерн Минхен,
ПСВ Ајндховен – Атлетико Мадрид,
Бенфика – Зенит,
Динамо Киев – Манчестер Сити.
Првите мечеви во осминафиналето се закажани за 16 и 17 февруари односно 23 и 24 февруари, а реваншите се на програмата на 8 и 9 март односно 15 и 16 март.