Со одигрувањето на синоќешните натпревари од последното 6.коло во групите Е, Ф, Г и Х, познати се сите шеснаесет екипи кои напролет ќе играат во нок-аут фазата во фудбалската Лига на шампиони.
Последни место во 1/8финалето изборија: Рома, Арсенал, Челзи, Гент и Динамо Киев.
Во директните пресметки, Арсенал на гости го победи Олимпијакос, а Челзи пред својата публика славеше над Порто. Тимот на Гент го прекина максималниот учинок на Зенит и се пласира во следната рунда, до која Динамо Киев стигна со минималната победа над Макаби Тел Авив.
Резултати и табели по последното коло во групната фаза од Лигата на шампиони:
Е-група: Баер Леверкузен – Барселона 1:1 и Рома – Бате Борисов 0:0.
Табела: Барселона 14 бодови, Рома 6, Леверкузен 6, и Бате Борисов 5.
Ф-група: Динамо Загреб – Баерн Минхен 0:2 и Олимпијакос – Арсенал 0:3.
Табела: Баерн Минхен 15 бодови, Арсенал 9, Олимпијакос 9, Динамо Загреб 3.
Г-група: Челзи – Порто 2:0 и Динамо Киев – Макаби 1:0.
Табела: Челзи 13 бодови, Динамо Киев 11, Порто 10, Макаби 0.
Х група: Гент – Зенит 2:1 и Валенсија – Лион 0:2.
Табела: Зенит 15 бодови, Гент 10, Валенсија 6, Лион 4.
Жрепката за осминафиналето ќе се одржи в понеделник (14 декември) во Нион со почеток од 12 часот.
Екипите кои го освоија третото место во групите ќе се натпреваруваат во првата нок-аут рунда од Лига Европа.