Познати се можните противници на македонскиот фудбалски првак Вардар во второто квалификациско коло за Лигата на шампиони.
Легија Варшава е најквалитетен тим според коефициентот на УЕФА со кој може да се соочат вардарци.
Од поатрактивните можни противници на црвено црните го издвојуваме српскиот шампион Партизан, а останатите конкуренти на Вардар би биле: Жилина (Словачка), Жалгирис (Литванија), Дандлак (Република Ирска), Дуделанж (Луксембург), Кукеши (Албанија), Хонвед (Унгарија). , Будуќност (Црна Гора) и Зрињски (Босна и Херцеговија).
Вардарци противникот ќе го дознаат на извлекувањето закажано за 19 јуни, а натпреварите ќе се играат на 11/12 и 18/19 јули.