Познати четвртфиналните парови за плејофот во БИБЛ лига

Од:

Со одигрувањето на синоќешниот натпревар меѓу Пеќ и Теодо во кој победа забележа домашната екипа со 75:70, познат е конечниот изглед на табелата во Д групата од регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ), а со тоа и двојките за четврфиналната рунда.

Во четвртфиналето ќе играат две македонски екипи, Кожув и Фени Индустри, додека екипата на Куманово која го освои првото место во Ц групата, заедно со бугарскиот тим Берое кој беше првопласиран во Д групата, директно обезбедија пласман во полуфиналето на плејофот.

Гевгелиски Кожув за место во полуфиналето ќе разигрува со косовскиот тим Пеќ, додека Фени Индустри за противник во четвртфиналето ќе ја има црногорската екипа Теодо. Во четвртфиналната рунда ќе се играат два натпревари и тоа првите на програмата се на 7 и 8 март во Кавадарци и Пеќ, а реванш средбите ќе се играат седум дена подоцна во Гевгелија и Тиват.

Според веќе утврдениот систем за натпреварување, екипата на Куманово во полуфиналето ќе го пречека подобриот од дуелите меѓу Фени Индусти – Теодо, додека екипата на Берое за место во финалето ќе игра со победникот од пресметката меѓу Кожув и Пеќ.

Полуфиналната серија ќе се игра во втората половина на март, а финалните натпревари на 11 и 20 април.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ во сезоната 2021/22

Ана Ололовска

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера

Ана Ололовска

Koшаркарите на ТФТ „прегазени“ во Бугарија во натпревар од БИБЛ лигата

Жарко Настоски

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Ана Ололовска