Потврдено заминувањето на Мурињо од Реал

Од:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и официјално соопшти дека клубот следната сезона ќе ја дочека со нов тренер.

– Во меѓусебен договор со Мурињо одлучивме дека најдобро за двете страни е да заврши нашата соработка. Тој не е отпуштен туку одлуката за негово заминување е заедничка. Раководството на нашиот клуб му се заблагодарува за неговата работа и постигнатите резултати.

– Реал Мадрид предводен од Мурињо изминативе три години забележа видлив напредок. Му посакуваме се најдобро во новата средина, истакна Перез на прес-конференцијата на која го објави заминувањето на Портигалецот.

Жозе Мурињо имаше актуелен договор со „кралскиот клуб“ уште три години. Тој во Мадрид пристигна 2010, а со клубот освои еден шампионски трофеј, еден трофеј од „Копа дел Реј“ и еден Суперкуп.

Сезонава 2012/13 Мурињо ја оцени како најлоша во неговата тренерска кариера.

Сеуште нема информации кој ќе биде наследник на португалскиот стручњак за кого се шпекулира дека се враќа во премиерлигашот Челзи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска