Натпреварот меѓу Данска и Финска на Европското првенство во Копенхаген беше прекинат денеска по потресните сцени кога данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се сруши на тревата.
Ериксен беше реанимиран, соиграчите го опколија, дел плачеа… Финската репрезентација отиде на другата страна на теренот, шок на лицето кај сите присутни на стадионот.
Навивачите на трибините, исто како и сите со малите екрани, со неверување гледаа што се случува на теренот.
Во еден момент, девојката на Ериксен, Сабрина, влезе во кадарот и со солзи во очите и голем страв ги гледаше непријатните сцени. Таа слезе од трибините и се обиде да стигне до Кристијан, но обезбедувањето ја спречи во тоа.
До неа дојдоа и се обидоа да ја утешат капитенот Кјер, голманот Шмајхел.
Состојбата на Кристијан Ерикесен, според последните информации е стабилна.