Во фудбалската Лига на шампиони денеска и утре ќе се одиграат натпреварите од последното, 6.коло во групната фаза. За денеска закажани се натпреварите во групите А, Б, Ц и Д, групи од кои пласман во осминафиналето имаат обезбедено Порто, ПСЖ, Шалке, Арсенал, Малага, Милан, Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.
Непознато останува само кои две екипи ќе им се приклучат на Динамо Киев и Олимпијакос, во натпреварите од Лига Европа. Во групата „Ц“ за третото место ќе се борат Зенит и Андерлехт, додека во Д групата Ајакс и Манчестер Сити ќе се обидат да продолжат со настапите во евро-куповите.
Двојки и табели:
Група А: ПСЖ – Порто, Динамо Загреб – Динамо Киев.
Табела: Порто 13 бодови, ПСЖ 12, Динамо Киев 4, Динамо Загреб 0.
Група Б: Олимпијакос – Арсенал, Монпеље – Шалке.
Табела: Шалке 11 бодови, Арсенал 10, Олимпијакос 6, Монпеље 1.
Група Ц: Малага – Андерлехт, Милан – Зенит.
Табела: Малага 11 бодови, Милан 8, Зенит 4 и Андерлехт 4.
Група Д: Борусија Дортмунд – Манчестер Сити, Реал Мадрид – Ајакс.
Табела: Борусија Дортмунд 11 бодови, Реал Мадрид 8, Ајакс 4 и Манчестер Сити 3.
Почетокот на сите натпревари е од 20 часот и 45 минути.