Последен триумф на Пеп со Барса, лекција за Билбао

Од:

Фудбалерите на Барселона ја освоија својата 27. титула во Купот на Кралот, совладувајќи го тимот на Атлетик Билбао на „Висенте Калдерон“ со 3:0.

Последниот натпревар под воство на Гвардиола, играчите го одиграа баш онака како што треба, и долго ќе се памети.

Во првиот напад, прва шанса за Меси, веќе во вториот стигна и првиот гол, дело на Педро. 24-годишниот фудбалер има постигнато голови во сите финалиња во кои настапавуал за Барса, тука е финалето во Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп, клупското светско првенство, шпанскиот Суперкуп, а сега и финалето на Кралскиот куп, обезбеди место во историјата.

Во 19. минута Меси зголеми на 2:0, со својот 73. погодок сезонава, иако статистиката не беше толку битна. Само неколку минути подоцна Педро уште еднаш за конечни 3:0

Гвардиола триумфално заминува од клубот со кој се прослави и како играч и како тренер. А статистиката вели: 247 натрпевари, 179 победи, 47 нерешени и 21 пораз. Три тиули шампион на Шпанија, два купа на Кралот, два шпански Суперкупа, две титули во Лигата на Шампионите и две титули клупски шампион на светот.

А навивачите велат: „Благодариме“, не само тие со Барса во срцето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска