Последен ден од групната фаза на ЕУРО2020

Од:

Осминафиналните двојки на Европското првенство во фудбал ќе бидат комплетирани денеска со одигрување на завршните четири натпревари во групите Е и Ф.

Шпанија во рамки на групата Е од 18 часот во Севиља е домаќин на Словачка, додека во истиот термин Шведска и Полска ќе играат во Санкт Петербург.

Шведска е првопласирана во групата со четири бодови и обезбеди пласман во нокаут фазата. Словачка е втора со три бодови, Шпанија со бод помалку е третопласирана, додека Полска влегува во завршниот дуел со еден освоен бод.

Во „реприза“ од последното европско финале, вечерва од 21 часот во Будимпешта играат Португалија и Франција, додека во Минхен, германската репрезентација ја пречекува Унгарија.

Франција е првопласирана во групата Ф со четири бодови и веќе обезбеди пласман во осминафиналето на ЕУРО2020. Германија со три бодови е второпласирана, пред актуелниот европски првак Португалија, која има ист број бодови, но послаба гол-разлика, додека Унгарија е четвртопласирана во групата со еден бод.

Распоред на натпревари во осминафиналето на ЕУРО2020:

Сабота – 26 јуни

18:00, Амстердам: Велс – Данска

21:00, Лондон: Италија – Австрија

Недела, 27 јуни

18:00, Будимпешта: Холандија – 3Д/Ф

21:00 Севиља: Белгија – 3 А/Е/Ф

Понеделник, 28 јуни

18:00, Копенхаген: Хрватска – 2Е

21:00, Букурешт: 1Ф – 3 А/Ц

Вторник, 29 јуни

18:00, Лондон: Англија – 2Ф

21:00, Глазгов: 1E – 3 Б/Ц/Д.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on