Почетокот на новата сезона од Лигата на шампионите го одбележаа поразите на англиските екипи Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, како и победите на сите шпански претставници кои синоќа настапија во елитното натпреварување.
Манчестер Сити на свој терен иако водеше против Јувентус, сепак во финишот прими два гола, додека Манчестер Јунајтед загуби на гости кај ПСВ Ајндховен.
Најубедливи беа шпанските екипи Реал Мадрид и Севиља, рутинирани победи забележаа и Атлетико Мадрид, ПСЖ и Бенфика, а Волфсбург со еден гол стигна до трите бода на дуелот со ЦСКА Москва.
Постигнати резултати:
Реал Мадрид – Шахтјор 4:0, ПСЖ – Малме 2:0 (А група),
ПСВ Ајндховен – Манчестер Јунајтед 2:1, Волфсбург – ЦСКА Москва 1:0 (Б група),
Бенфика – Астана 2:0, Галатасарај – Атлетико Мадрид 0:2 (Ц група),
Манчестер Сити – Јувентус 1:2 и Севиља – Борусија Менхенгладбах 3:0 (Д група).
Дуелите од другите четири групи се играат вечер.