Порази на Фени Индустри и Кожув во БИБЛ лигата

Од:

Македонските екипи претставници во регионалната кошаркарска Балканска лига, Фени Индустри и Кожув претрпеа порази на вечерашните натпревари.

Во рамките од 2.коло во групата Ц, во Кавадарци, кошаркарите на Фени Индустри иако во најголемиот дел од мечот против бугарската екипа Берое, имаа предност, сепак во завршните четири минути ја пропуштија шансата да остварат победа. За тоа се погрижи Брандис Роис кој на четири секунди пред крајот го постигна својот 19-ти поен, за победа на Берое од 85-84.

Во истата група, гевгелиски Кожув гостуваше во Никшиќ кај Сутјеска, каде загуби со 84:76 по четвртини (26-21,14-16, 22-21,22-18).

По овие натпревари на табелата во оваа конкуренција, и натаму на првото место останува Берое сега со 8 бодови, пред Сутјеска која има 6, додека Фени Индустри и Кожув имаат по 5 бода.

Утре на програмата се средбите од Д групата во која двете македонски екипи ќе играат на гостински терен. Куманово гостува кај Пеќ во Косово, додека Карпош Соколи оди на мегдан на црногорскиот тим Теодо.

Двата натпревари ќе започнат во терминот од 19 часот.

Во оваа група водечка е екипата на Куманово со 6 бодови, додека Теодо, Пеќ и Карпош Соколи имаат по 4 бодови.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ во сезоната 2021/22

Ана Ололовска

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера

Ана Ололовска

Koшаркарите на ТФТ „прегазени“ во Бугарија во натпревар од БИБЛ лигата

Жарко Настоски

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Ана Ололовска