Пораз на МЗТ Скопје Аеродром на гостувањето кај Игокеа

Од:

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје претрпеа нов пораз откако попладнево на гостувањето во Лакташи загубија од Игокеа со 79:72. Резултат по четвртини: 20:16, 12:13, 23:21 и 24:22.

Ова за македонскиот тим е осми пораз сезонава во АБА лигата. Домаќинот Игокеа во поголемиот дел од натпреварот имаше водство, а само во неколку наварти избраниците на тренерот на МЗТ Скопје Анте Назор беа резултатски равноправни. Во последната четвртина Игокеа постојано водеше.

Најефикасен кај победникот беше Џејмс Робинсон со 17 поени, додека кај МЗТ Скопје најпрецизен беше Ѓорѓе Дреновац истотака со 17.

Резултати на натпреварите од 11.коло: Морнар – Крка 86:73, Партизан – Мега 86:79, Карпош Соколи – Цедевита 89:81. Денеска играат уште: ФМП – Будуќност, Цибона – Задар, додека дуелот Олимпија – Црвена Звезда се игра во понеделник.

Табела: Црвена Звезда 10-0 (победи-порази), Будуќност 9-1, Партизан 8-3, Цедевита 7-4, Цибона 6-4, Игокеа 6-5, Мега 4-7, Крка 5-5, Морнар 3-8, Задар 4-6, ФМП 3-7, МЗТ Скопје А. 3-8, Карпош Соколи 2-9, Олимпија 3-6.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска