Поранешниот светски првак Руиз со победа се врати во рингот

Од:

Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија, 31-годишниот Американец Енди Руиз во првата борба по речиси една и пол година пауза го совлада синоќа искусниот сонародник Крис Арелоа (40).

Руиз по 12. рунди на натпреварот во калифорнискиот град Карсон славеше со едногласна одлука на судиите (117-110, 118-109, 118-109). За поранешниот светски првак тоа беше 34. победа во кариерата во која има само два пораза.

Руиз во јуни 2019 година го изненади светот на боксот кога во „Медисон Сквер Гарден“ со технички нокаут го совлада светскиот првак Ентони Џошуа, но шест месеци подоцна Џошуа се реваншираше во Саудиска Арабија и ги врати во свој посед титулите во верзиите WBA, IBF, WBO и IBO.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја