Поранешна Западна Германија го спонзорирала допингот во спортот

Од:

Германските власти побараа објавување на студијата, чии делови се појавија во домашната јавност, во која се тврди дека поранешна Западна Германија била вклучена во спонзорирање на допингот во спортот.


По обединувањето на Германија,во 1990 година, целосно беше откриено долгогодишното допингување на спортистите  во поранешна Источна Германија, но сега се тврди дека и во Западна Германија се практикувало мамењето во спортот со користење на допинг средства.
 
Според весникот „Зидојче Цајтунг“, западногерманската држава и нејзините функционери го потикнувале истражувањето за да се постигнуваат подобри спортски резултати со користењето на анаболици, стероиди, тестостерон и естроген.
 
Оваа програма почнала во раните седумдесети години на 20-от век, најверојатно за да им се парира на големите спортски постогнувања на натпреварувачите од Истична Германија.
 
Медиумите во Берлин забележуваат дека ова откритие претставува голем удар за познатиот германски Институт за спортска наука, што е создаден во 1970 година со решение на тогашното Минстерставо за внатрешни работи.
 
Функционери на Германскиот олимписки комитет ги отфрлија ваквите тврдања, нагласувајќи дека медицинскте истражувања во Германија навистина биле финансирани со државни пари, но дека тоа автоматски не значи дека државата го финансирала допингот.
 
Германските весници откриваат дека кај тројца фудбалери на репрезентацијата на Западна Германија на финалниот меч од Светското првенство во 1966 година, бил откриен ефадрин, кој важи за забранет стимуланс во спортот.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ