Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, неизвесен е за натпреварите на неговата репрезентација Аргентина, против Уругвај и Венецуела во квалификациите за Светското првенство во 2018 година.
Ѕвездата на Барселона има проблем со задната ложа, соопштија од каталонскиот клуб.
Сепак, Меси ќе отпатува во Аргентина, но не се знае дали ќе игра.
– Неговото присуство на овие натпревари ќе зависи од тоа како ќе се развива состојбата со повредата, се вели во соопштението на Барселона.
Натпреварот помеѓу Аргентина и Уругвај на програмата е в сабота, додека дуелот против Венецуела е закажан за 6 септември.
Аргентина е на третото место во јужноамериканските мундијалски квалификации со 11 освоени бода. Водат Уругвај и Еквадор со по 13 бода.