Поп Ацев втор во Гран При серијата во маратонско пливање

Од:

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го освои второто место на последниот маратон од Гран При серијата што се пливаше во Капри, Неапол. Со овој пласман нашиот маратонец е второпласиран и во генералниот пласман.

Вториот Македонец кој настапи на оваа трка, Томи Стефановски го освои 9.место и вкупно е четвртопласиран во генералниот пласман.

Победникот во генералниот пласман Даман Блаум од Аргентина на последната трка го освои 10.место и „собра“ уште два бода, колку што му беа потребни за вкупна победа.

Блаум освои вкупно 62 бода, Поп Ацев има 60, Симоне Ерколи (Италија) 53, Стефановски 51.

На последната трка, која се пливаше во должина од 36 километри победи Брајан Рикеман од Белгија.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска