Македонскиот пливач маратонец Евгениј Поп Ацев го освои второто место на маратонската трка Капри – Неапол одржана денеска. Со овој резултат Поп Ацев ја потврди добрата форма на крајот од сезоната. Патеката од 36 километри најбрзо ја исплива Виталиј Худјаков од Казахстан, а на третото место зад Поп Ацев се најде Французинот Жоан Едел.
Овој пласман на Едел му овозможи да ја освои првата позиција оваа година во генералниот пласман во Гран при серијата на ФИНА.
Нашиот втор пливач кој настапи на денешната трка Томи Стефановски го освои 9.то место.
Според неофицијалните резултати во генералниот пласман Стефановски и Поп Ацев се на делба на втората позиција.