Поп-Ацев 14-ти во трката на 25 километри на Светското првенство во Казањ

Од:

Македонскиот пливач маратонец Евгениј Поп-Ацев го освои 14-то место на трката на 25 километри на Светското првенство што се одржува во Казањ.

Поп-Ацев настапи во конкуренција на 32 пливачи, а осум од нив не ја завршија трката. Во текот на целата трка Поп-Ацев беше пласиран околу 20-то место, а во последните пет километри успеа да стигне до 14. место. Тој патеката ја исплива за 5 часа 4 минути 43 секунди и 7 десетинки, што беше за 11:32.7 минути послабо време од победничкото на Италијанецот Симоне Руфини.

Победникот на трката Руфини до златниот медал стигна со време 4:53.10.7 часа и за 4.4 секунди беше побрз од Американецот Алекс Меер, кој го освои сребрениот медал. Бронзата му припадна на Матео Фурлан од Италија, кој имаше 1:27.3 минута заостанување зад победникот.

Од македонските учесници на СП во спортови на вода ќе настапат уште Анастасија Богдановски и Марко Блажевски во пливачките дисциплини.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска