Пол позицијата за Фетел на ГН за Сингапур

Од:

Возачот на Ферари Себастијан Фетел ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Сингапур што ќе се вози на патеката „Марина беј“.

Фетел имаше најдобро време на денешните квалификации и утрешната пол позиција за него ќе биде 49.та во кариерата.

Второто место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул, а трет е неговиот клупски колега Даниел Рикардо. Вториот возач на Ферари Кими Раиконен го освои четврото место во квалификациите. Зад него ќе бидат двата болида на Мерцедес со Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

Во генералниот пласман води Луис Хамилтон со 238 бодови, три повеќе од Фетел, кој, пак, има рекордни четири победи на трките во Сингапур.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин