Пол-позицијата во Абу Даби за Хамилтон

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на трката во Формула 1 за Големата награда на Обединетите Арапски Емирати што утре ќе се вози на патеката „Јас Марина“.

За Британецот ова е вкупно 11-та пол-позиција оваа сезона и вкупно 83-та во кариерата.

На денешните квалификации во Абу Даби, Хамилтон извози најбрз круг 1:34.794 минута.

Веднаш до Хамилтон од првиот стартен ред ќе тргне неговиот клупски колега Валтери Ботас.

Од третата и четвртата стартна позиција ќе почнат пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

По нив е тандемот на Ред Бул, Даниел Рикиардо и Макс Ферстапен.

Меѓу првите десет се и Роман Грожан, Шарл Леклер, Естебан Окон и Нико Хулкенберг.

Трката во Абу Даби ќе почне утре во 14:10 часот.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин