Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино беше многу разочаран по елиминацијата од Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Покетино смета дека неговите избраници беа подобри во двомечот со италијанскиот шампион и заслужија четвртфинале.
– Бевме подобар тим, покажавме повеќе во двата натпревара, но примивме два гола за помалку од три минути и сме елиминирани поради две големи грешки. Таков е фудбалот. Јас и понатаму сонувам. Победите и поразите се нормална работа, особено во Лигата на шампионите. Јас сум горд на моите играчите, додаде менаџерот на Тотенхем.
На првиот натпревар резултатот беше 2:2 и по синоќешните 2:1 Јувентус со вкупни 4:3 оди во четвртфиналето од ЛШ.