Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино ја коментираше информацијата дека напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски ќе ги пропушти и двете четвртфиналиња во Лигата на шампионите.
– Имам добар пример. Во 2019 година, кога Тотенхем играше со Манчестер сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Хари Кејн се повреди во првото полувреме од неговиот прв натпревар. Поголемиот дел од времето го поминавме без него. И ова беше нашиот главен напаѓач, како Левандовски во Баерн Минхен. Ние и покрај малерот, отидовме понатаму. Баерн не е само Левандовски, иако е неверојатен фудбалер. Вистинската сила е тим, изјави Покетино за „ГФФН“.
Претходно, на 30 март, стана познато дека полскиот напаѓач ќе биде надвор од теренот четири недели поради повреда на десното колено.
Првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите Баерн – ПСЖ ќе се одржи на 7 април во Минхен, реваншот е закажан за 13 април во Париз.