Покетино побара повеќе пари за засилувања

Од:

Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино го повика раководството да вложи повеќе средства за засилувања со цел формирање тим конкурентен за шампионскиот трофеј во Премиер лигата.

– Функционираме исто како што функциониравме кога дојдов пред пет години. Мораме да го промениме системот на делување доколку сакаме да бидеме конкурентни за титулата. Вака можеби ќе освоиме некој трофеј во куп-натпреварувањата, но за шампионската титула треба повеќе. Другите клубови од врвот многу напредуваа, изјави Покетино.

Тој посочи на листата на клубови со најмногу потрошени средства за засилувања.

– Ние сме во долниот дел на таа листа. Сега за сега вршиме голема работа, но за да бидеме во конкуренција за највисок пласман, во иднина мора нешто да смениме, нагласува тренерот Покетино.

Тотенхем по 21. коло во Премиер лигата е на третото место со 48 бода, два помалку од Манчестер сити и шест од лидерот Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!

Арсенал и Тотенхем во трка за светскиот шампион од Брајтон

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Фулам им го „грабна“ Џејмс на Евертон и Тотенхем