Аргентинецот Маурисио Покетино е промовиран вечерва официјално како нов тренер на актуелниот француски фудбалски првак Пари Сен Жермен.
48-годишниот Покетино кој на клупата на ПСЖ доаѓа на местото на Томас Тухел, потпиша договор до 30 јуни 2022 година, со можност за продолжување на соработката за уште една година, соопшти клубот од Париз на својот официјален сајт.
Аргентинскиот стратег во својата кариера досега ги предводеше шпански Еспањол од 2009 до 2012 година, и премиерлигашите Саутемптон од 2013 до 2014 и Тотенхем од 2014 до 2019 година.