Покетино: Не сме кандидати за титулата во Англија

Од:

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино е убеден дека „петлите“ не се кандидати за титулата во Премиер лигата оваа сезона.

Тимот од Лондон последен пат беше шампиони на Англија во 1961 година, а во претходните три сезони секогаш беше меѓу првите три тима на табелата на крајот од сезоната.

– Не можам да кажам дека сме кандидати за титулата. Манчестер Сити е на различно ниво. Челзи, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед инвестираат повеќе од нас. Тие се кандидати со поголеми шанси од нас, но ние сме тука некаде. Ако сме во добра форма во последните месеци од сезоната, ќе се обидеме да го направиме тоа, изјави Покетино.

Минатата недела Тотенхем го победи Челзи со 3:1 во лондонското дерби, а в недела му гостува на Арсенал.

– Унаи Емери (менаџерот на Арсенал) е неверојатен професионалец. Во многу добри односи сум со него и тој врши одлична работа. Ќе биде доста тешко, бидејќи имаат доста добри фудбалери кои играат одлично во новата сезона, додаде Аргентинецот.

Тотенхем во моментов е на третото место на табелата со 30 бодови.

Би можело да ве интересира

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!

Арсенал и Тотенхем во трка за светскиот шампион од Брајтон

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Фулам им го „грабна“ Џејмс на Евертон и Тотенхем