Подолски: Нема криза во репрезентацијата

Од:

Германскиот фудбалски репрезентативец Лукас Подолски изјави дека нема криза во националниот состав и покрај тоа што светски првак почна лошо во квалификациите за ЕУРО 2016.

– Факт е дека вие медиумите сакате да пишувате за постоење  криза. Не ни беше желба да освоиме само еден бод на два натпревара. Можеби тоа беше само лоша среќа, изјави Подолски.

Германија квалификациите за ЕУРО 2016 ги почна со победа над  Шкотска од 2:1,но потоа следуваше пораз Полска со 2:0. Во 3. коло одигра нерешено со Република Ирска 1:1 со гол примен во последните моменти од натпреварот.

Германскиот национален тим во моментов е на третото место во групата Д со четири освоени поени. Прва на табелата е Полска со седум бода, исто колку и второ пласираната Република Ирска.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска