Германскиот фудбалски репрезентативец Лукас Подолски изјави дека нема криза во националниот состав и покрај тоа што светски првак почна лошо во квалификациите за ЕУРО 2016.
– Факт е дека вие медиумите сакате да пишувате за постоење криза. Не ни беше желба да освоиме само еден бод на два натпревара. Можеби тоа беше само лоша среќа, изјави Подолски.
Германија квалификациите за ЕУРО 2016 ги почна со победа над Шкотска од 2:1,но потоа следуваше пораз Полска со 2:0. Во 3. коло одигра нерешено со Република Ирска 1:1 со гол примен во последните моменти од натпреварот.
Германскиот национален тим во моментов е на третото место во групата Д со четири освоени поени. Прва на табелата е Полска со седум бода, исто колку и второ пласираната Република Ирска.