Под истрага девет натпревари во Шпанија

Од:

Во петте најсилни европски фудбалски лиги, покрај италијанските, со голем број наместени натпревари се соочуваат и шпанските првенства.

Претседателот на Шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас откри дека девет натпревари од ланското првенство од Првата и Втората лига се под истрага поради обвинение за местење резултати.

Три од нив се од Примера Дивизија, но не беше соопштено за кои дуели се однесува истрагата.

– Нема да кажам кои натпревари се сомнителни за да не ја попречам истрагата, изјави Тебас.

Сепак шпанските медиуми веќе излегоа со претпоставка дека тоа се натпреварите: Леванте – Депортиво Ла Коруња 0:4, Леванте – Селта Виго 0:1 и Сарагоса – Атлетик Билбао 1:2.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска