Со вечерашните осум натпревари ќе стартува третото коло од Лигата на шампионите. Единствено првакот на Англија Лестер од групите кои играат вечерва „ќе брка“ максимален учинок по третото коло. Лестер е прв во групата со 6 бодови, а на домашен терен го пречекува Копенхаген.
Двојки на вечерашните натпревари од 3. коло:
Е група: ЦСКА Москва – Монако и Баер Леврекузен – Тотенхем.
Табела: Монако 4, Тотенхем 3, Баер Леверкузен 2, ЦСКА Москва 1.
Ф група: Спортинг – Борусија Дортмунд и Реал Мадрид – Легија.
Табела: Борусија Дортмунд 4, Реал Мадрид 4, Спортинг 3, Легија 0.
Г група: Лестер – Копенхаген и Бриж – Порто.
Табела: Лестер 6, Копенхаген 4, Порто 1, Бриж 0.
Х група: Динамо Загреб – Севиља и Олимпик Лион – Јувентус.
Табела: Јувентус 4, Севиља 4, Олимпик Лион 3, Динамо Загреб 0.