Дваесет екипи ќе учествуваат во баражот за пласман во елитното фудбалско натпреварување – Лигата на шампионите.
По пет натпревари ќе се одиграат денес и утре.
Двојки за денес: Бешикташ – Арсенал, Копенхаген – Баер Леверкузен, Наполи – Атлетик Билбао, Салцбург – Малме и Стеауа – Лудогорец.
Утре на програмата се средбите: Алборг – АПОЕЛ, Лил – Порто, Марибор – Селтик, Слован Братислава – БАТЕ Борисов и Стандард – Зенит.
Почетокот на сите натпревари е во 20 часот и 45 минути.