Руската биатлонка Алина Јакимкина почина како последица од срцев удар за време на Купот на Русија, е соопштено на официјалниот сајт на Биатлонската унија на Русија (РБУ).
Оваа 21-годишна девојка колабирала во текот на трката на 15. километри во сибирски Тијемен.
Како што се наведува во соопштените на РБУ, срцето на младата Русинка престанало да работи во текот на трката, а докторите кои веднаш интервенираа не успеале да и го спасат животот.