Со осумте натпревари од четири групи А, Б, Ц и Д вечерва од 20 часот и 45 минута стартува новата сезона од елитното натпреварување, фудбалската Лига на шампиони.
Шампионот Реал Мадрид одбраната на трофејот ќе ја започне на домашен терен против швајцарскиот претставник Базел.
Букмејкерите токму на мадридскиот клуб му даваат најголеми шанси за освојување на вредниот трофеј, а како негови најголеми конкуренти за триумф во ЛШ се сметаат Баерн Минхен, Барселона и Челзи.
Двојки за вечерашните дуели:
Група А: Олимпијакос – Атлетико Мадрид и Јувентус – Малме.
Група Б: Ливерпул – Лудогорец и Реал Мадрид – Базел.
Група Ц: Монако – Баер Леверкузен и Бенфика – Зенит.
Група Д: Галатасарај – Андерлехт и Борусија Дортмунд – Арсенал.
Натпреварите во другите четири групи ќе се играат утревечер.