Почеток на Лигата на шампионите

Од:

Со денешените осум натпревари ќе стартува новата сезона од натпреварите по групи во фудбалската Лига на шампионите. Титулата ја брани Баерн Минхен, кој се наоѓа во групата Д заедно со екипите на Манчестер Сити, ЦСКА Москва и Викторија Плзењ.

Македонскиот фудбал оваа сезона ќе биде претставен преку Горан Пандев (Наполи) и Даниел Георгиевски (Стеауа).

Екипите на македонските репрезентативци своите настапи во стартното коло ќе ги имаат утре.

Според распоредот двојките за денеска се:

А група: Реал Сосиедад – Шахтјор и Манчестер Јунајтед – Баер Леверкузен.

Б група: Копенхаген – Јувентус и Галатасарај – Реал Мадрид.

Ц група: Бенфика – Андерлехт и Олимпијакос – ПСЖ.

Д група: Баерн Минхен – ЦСКА Москва и Викторија Плзењ- Манчестер Сити.

Почетокот на натпреварите е во 20:45 часот, а натпреварите од 1.коло во групите Е, Ф, Г и Х ќе се играат утре.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска