Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, беше многу задоволен по пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Лондонскиот тим победи со 1:0 како гостин на Борусија Дортмунд и со вкупен резултат од 4:0 се најде во следната фаза од турнирот на богатите.
Аргентинецот рече дека се гордее со перформансите на неговиот тим, а голот за „петлите“ паднал во тежок за нив момент од натпреварот.
– Ние сме во четврт-финалето! Јас сум среќен поради тоа. Победата е особено важна, за играчите и фановите. Вистина е дека имавме малку среќа, но заслуживме да одиме понатаму. Лорис беше феноменален. Имаше многу шанси пред нашиот гол, а ние не очекувавме толку многу. Но тоа е фудбалот. По поразот во првиот натпревар, Дортмунд немаше што да загуби. Беше многу тешко за нас, но целта е исполнета, изјави Аргентинецот по мечот во Германија.