Победи за Металург и за Вардар Про

Од:

Конкурентите за шампионската титула во ракометната Супер лига Металург и Вардар Про, синоќа постигнаа победи во натпреварите од 9.коло. Првакот Металург го совлада Зомимак М во Струмица со 33:20, додека Вардар Про славеше на теренот на Тинекс Пролет со 36:24.

Попладнево од 18:30 часот се игра последниот натпревар од ова коло меѓу  Куманово и Пелистер.

metalurg-navivaci

На чело на табелата е Металург со 25 бодови, пред Вардар Про со 23. И двата тима немаат пораз во Супер лигата, а во натпреварот од последното коло во СРЦ „Кале“ ќе се решава, кој ќе ја освои шампионската титула. На Металург му е доволен и нерешен резултат, а „црвено-црните“ мора да победат за да го освојат првото место.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП