Победи за Будуќност и Мега во АБА лигата

Од:

Екипите на Будуќност и на Мега Лекс остварија победи на дуелите од 15.коло од АБА лигата одиграни синоќа.

Мега на домашен терен го победи последно пласираниот Левски со 89:68, додека во Подгорица, Будуќност славеше над Игокеа  со 87:72 и со тоа остана на второто место.

На другите натпревари одиграни во саботата: Задар – МЗТ Скопје Аеродром 74:69, Црвена Звезда – Цибона 80:64, Цедевита – Олимпија 66:60 и Крка – Партизан 72:78.

Последниот натпревар се игра вечерва во Ваљево каде Металац е домаќин на Шолнок.

Табела: Црвена Звезда 15-0 (победи-порази), Будуќност 12-3, Цедевита 11-4, Олимпија 8-7, Партизан 8-7, Цибона 8-7, Мега 7-8, Задар 7-8, Крка 6-9, Игокеа 5-10, Шолнок 6-8, МЗТ Скопје Аеродром 5-10, Металац 5-9, Левски 1-14.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска