Победи на Барселона и Атлетико во четвртфиналето од Купот на Шпанија

Од:

Екипите на Барселона и Атлетико Мадрид остварија победи проти Сосиедад и Еибар во првите натпревари од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија.

Барселона, по речиси десет години пауза конечно се радуваше на триумф на стадионот „Аноета“ во Сосиедад каде за последен пат триумфираа во мај 2007.

Синоќа, Барселона го совлада Сосиедад со 1:0 со голот на Нејмар од пенал во 21-та минута.

Атлетико Мадрид лесно оствари триумф од 3:0 против Еибар.

Потсетување дека ден порано се одиграа две средби, во кои победи забележаа гостинските тимови, Реал Мадрид – Селта Виго 1:2 и Алкоркон – Алавез 0:2.

Реванш натпреварите на програмата се на 24 и 25 јануари, по што ќе бидат познати и полуфиналните двојки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска