Победа на Кожув во БИБЛ лигата

Од:

Со триумфот во последното коло од групата кошаркарите на Кожув обезбедија пласман во четвртфиналето од БИБЛ лигата, освојувајќи го второт место.

Кожув вечерва го победи Фени Индустри со 70:69 во Кавадарци. Најефикасен на натпреварот беше Матија Чешковиќ од Фени Индустри со 16 поени, а кај Кожув најпрецизен беше Никола Ѓурасовиќ со 15 поени.

На вториот натпревар од групата Ц од ова натпреварување Сутјеска – Берое 68:76. Со овој пораз на Сутјеска и двете македонски екипи обезбедија пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Табела: Берое 5-1 (победи-порази), Кожув 3-3, Фени Индустри 2-4, Сутјетска 2-4.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ во сезоната 2021/22

Ана Ололовска

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера

Ана Ололовска

Koшаркарите на ТФТ „прегазени“ во Бугарија во натпревар од БИБЛ лигата

Жарко Настоски

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Ана Ололовска