Победа на Црвена Звезда во Љубљана

Од:

Кошаркарите на Црвена Звезда остварија победа попладнево на гостувањето во Љубљана во дуелот од 19. коло од АБА лигата. Актуелниот шампион Црвена Звезда ја совлада Олимпија со 77:69 (16:23; 24:13, 24:15, 13:18). Победникот беше решен со подобрата игра на „црвено-белите“ во втората и третата четвртина. Најефикасен на дуелот беше Американецот Кинси Милер во дресот на Црвена Звезда со 25 поени.

Вечерва од 21 часот се игра последниот натпревар од 19.коло меѓу Игокеа и Мега.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: МЗТ Скопје Аеродром – Сутјеска 71:75, Партизан – Цибона 85:82, Цедевита – Будуќност 57:81, Металац – Крка 83:77 и Тајфун – Задар 66:82.
Табела: Будуќност 17-2 (победи-порази), Цедевита 15-4, Црвена Звезда 14-5, Мега 12-6, МЗТ Скопје Аеродром 8-11, Цибона 8-11, Крка 8-11, Металац 8-11, Олимпија 7-12, Партизан 7-12, Сутјеска 7-12, Тајфун 7-12, Игокеа 6-14.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска